Ќофте Фесот на пашата
Како дете, омилено јадење ми било ќофте со пире, па еве една декоративна комбинација што се прави кај нас дома.
1. Сите состојки за ќофтето ги мешаме и добро е да останат околу еден час во фрижидер, ама и не мора.
2. Потоа правиме мали ќофтиња, налик на плескавички и ги редиме во намрсена тава.
3. Печеме на 180 степени околу 20 минути.
4. Во меѓувреме го правиме пирето. Компирите ги пасираме, по можност топли да се, бидејќи најубаво пире се прави од жешки компири. Ги додаваме путерот, млекото, јајцето, солта и мешаме. Го полниме готварскиот шприц со пире.
5. По дваесетина минути печење, ги вадиме ќофтињата и со шприцот ставаме од пирето, врз секое ќофте. Тавата ја враќаме во рерна и треба пирето малку да порумени, ама да внимаваме да не ни се препечат ќофтињата.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
vo sekoj slucaj na prv pogled pokazuva znak za ljubopitnost
Ама твојава фенси верзија е супер :)