Сакав да направам комбинација на вкусови, која ќе ги задоволи потребите на моето повеќечлено семество и успеав во тоа.

1. Ги мешаме состојките за ќофтето. Правиме мали ќофтиња и ги пржиме во масло.
2. Празот го сечкаме на ситно и го пропржуваме на масло. Зелката ја сечкаме и ја додаваме на празот. Пржиме 10-тина минути. Ја ставаме во тава за печење.
3. Во тавчето за пржење, на малку масло, ставаме ситно сечкан кромид, го пржиме, па ги додаваме сечканите печурки.
4. Овие состојки ги додаваме на зелката, залеваме со вино и вода, околу еден прст над состојките и ги додаваме зачините. Ставаме да се пече, покриено, во рерна на околу 220 степени.
5. По околу 40 мин печење, ја вадиме тавата од рерна и ги додаваме ќофтињата, кои предходно сме ги завиткале во сланина и сечканата плешка. Допечуваме до омекнување на зелката (околу 30 минути).

Забелешка
При додавање на ќофтињата, дококу водата е извриена, додаваме вода колку за доварување, допечување на ручекот. Времетраењето на печењето зависи од зелката (состав, цврстина...). При крајот на печењето капакот се трга, малку да се запече ручекот (може ама не мора).

Ручекот беше многу вкусен!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани