Њоки со грашок, пршута и пармезан
Њоките ставете ги во зовриена посолена вода да се варат околу 3-4 минути. Кога се готови испливуваат на површината на водата и тогаш може да ги прецедите.
Грашокот кој се препорачува да е замрзнат или свеж ставете го исто во зовриена вода да се вари окоулу 20тина минути со сосема малку путер за подобро да омекне. На малку масло ставете да се пропржи ситно исецканиот лук. Кога ќе добие малку златеникава боја додадете го обарениот грашок, пропржете, па додадете ја пршутата. Не ја прерпжувајте премногу, за да остане свежа само 2 минути, па додадете ги обарените њоки, доматната салца и ориганото. Сето тоа убаво промешајте го и тргнете го од огин. Сервирајте го топло и наросете го со рендан пармезан. Препорачливо е да го послужете со бело квалитетно вино. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови