Од состојките за њоки замесете го тестото.
Земајте мали парчиња од тестото и со раце развлечете ги како грисини.
Потоа исечете ги на мали парчиња.
Вака направените њоки ставете ги да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Њоките се готови кога ќе излезат на површината на водата.
Во тава на оган ставете го путерот и ливчињата жалфија.
Оставете путерот да се стопи и малку да поврие со жалфијата, а потоа додајте ги сварените њоки.
Додајте ги павлаката, пармезанот и малку бибер и убаво измешајте.
Извадете ги листовите жалфија и послужете ги топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани