Испечати

Њоки од тиква со ароматизиран путер

Њоки од тиква со ароматизиран путер

Состојки

  • Њоки
  • 125гр. варена или печена тиква
  • 140гр. варен компир
  • 1 жолчка
  • 3 лажици пармезан
  • 1 лажичка сол
  • 150гр.(по потреба може малку повеќе) брашно
  • Други состојки
  • 50гр. путер
  • 4 -5 лавчиња свежа жалфија
  • 3 лажици неутрална павлака за готвење
  • 1 рака пармезан
  • малку црн бибер

Подготовка

Од состојките за њоки замесете го тестото.
Земајте мали парчиња од тестото и со раце развлечете ги како грисини.
Потоа исечете ги на мали парчиња.
Вака направените њоки ставете ги да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Њоките се готови кога ќе излезат на површината на водата.
Во тава на оган ставете го путерот и ливчињата жалфија.
Оставете путерот да се стопи и малку да поврие со жалфијата, а потоа додајте ги сварените њоки.
Додајте ги павлаката, пармезанот и малку бибер и убаво измешајте.
Извадете ги листовите жалфија и послужете ги топли.