Јајце на вода
Еве еден рецепт, кој што го запознав прв пат кога се омажив. Значи тоа е пред 12 тина години.
1. На тивок оган го попржуваме брашното додека не поцрвене.
2. Значи се пржи како за каша.
3. Се додава црвениот пипер се промешува и веднаш се потура топла вода, за брашното да не згрутчи.
4. Се остава да врие околу 5 минутки, па се додава ситно сецканото лукче и мешаниот зачин.
5. Откако убаво врие кашичката, се кршат јајцата едно по едно, но не се промешуваат.
6. Се оставаат да вријат, се додека не се сварат .
( Значи од самата жештина, јајцата ќе се направат како јаце на окце. )
7. Се додава сецкан магдонос, по вкус.
Ете тоа е рецептот што ми е многу вкусен додека е топол.
Со истите состојки, на истиот начин ,само со разматени јајцата, може да се приготви ова јадење.
Вкусно е секако, пробајте...
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
...и за чудо ми се допадна. Најмалку сакам јајца вака третирани, но бидејќи одамна не сум јадела и не го знаев точниот рецепт (а спрема мене овој е) овој твојов многу ми се допадна.