Јајце на вода

Состојки
- 3 јајца
 - 1 лажица црвен пипер
 - 2 лажици брашно
 - 1 лажица мешан зачин
 - 2 гранчиња магдонос
 - 1 чешне лук
 - 1/2л вода
 - 100 гр зејтин
 
Подготовка
Еве еден рецепт, кој што го запознав прв пат кога се омажив. Значи тоа е пред 12 тина години.
 1. На тивок оган го попржуваме брашното додека не поцрвене.
 2. Значи се пржи како за каша.
 3. Се додава црвениот пипер се промешува и веднаш се потура топла вода, за брашното да не згрутчи.
 4. Се остава да врие околу 5 минутки, па се додава ситно сецканото лукче и мешаниот зачин.
 5. Откако убаво врие кашичката, се кршат јајцата едно по едно, но не се промешуваат.
 6. Се оставаат да вријат, се додека не се сварат .
 ( Значи од самата жештина, јајцата ќе се направат како јаце на окце. )
 7. Се додава сецкан магдонос, по вкус.
Ете тоа е рецептот што ми е многу вкусен додека е топол.
Со истите состојки, на истиот начин ,само со разматени јајцата, може да се приготви ова јадење.
 Вкусно е секако, пробајте...
 На здравје