Јапонка торта
Најпрво се прават корите, така што јајцата се матат со шеќерот до што поголема густина, па со лажица се додава брашното мешајќи од долу на горе полека кружно.
За двете црни кори покрај овие состојки се додава плус по 1 лажица какао.
Печете на 170 степени околу 15на мин во калап бр 24/26 во зависност дали ќе сакате повисока или пониска да ви е тортата. Со овој состав по рецептот се препорачуваше бр 28, а мојата е спремана во бр. 24.
Додека се печат корите се спрема сирупот за нивното преливање.
Водата и шеќерот нека вријат 5 мин на средно силен оган и кога малку ќе подолади се додава исцедениот лимонов сок.
Со овој сируп се попрскуваат сите три кори.
За припрема на белиот фил потребно е брашното (со густинот/нишестето) да се раствори во дел од ладното млеко и потоа во останатиот дел во кој се додал шеќерот да се додаде варејќи бел крем додека згусни. Кога ќе подолади барем до степен да не жежи прст, се додава иситнетиот путер и убаво се миксира додека не стани мазен крем.
За црниот фил, сите состојки се топат, освен мелените ореви, кои се додаваат откако ќе се соединат/истопат состојките.
Во мојот случај јас користев ситно сецкани/блендирани печени лешници, па поради тоа се дрзнав да додадам и 100на грама мелени бисквити.
Кафеавиот фил додека е топол изгледа течен, но со тек на ладење постепено си ја добива потребната цврстина. Затоа ако користите мелени јаткасти плодови нека не ве паничи на почетокот густината. Бидете стрпливи и почекајте прво да подолади =)
Начин на филовање/редење на тортата
На подлогата најпрво се става црната кора, која се премачкува со дел од белиот фил.
Белата кора се сечи на 8 дела (како пица). Секој дел се премачкува со кафеав фил и се рола како кифличка. Така свитканите кори се редат врз филованата црна кора во круг по работ.
Длабнатината во средината на тортата помегу наредените кифлици од бела кора се пополнува со останатиот кафеав фил, при што се внимава со тенок слој да се премачка и врз белите ролнички. Со мал дел од белиот фил вршиме израмнување, па ја ставаме 2та црна кора која се премачкува со останатиот бел крем.
Тортата одозгора се премачкува со растопено чоколадо и слатка павлака или нешто по ваш избор. Јас решив да ја испробам огледало глазурата на Лиле, но за жал не ми испадна баш успешна... веројатно погрешив нешто и некаде.
Тортата беше роденденска, по повод роденденот на моите деца. Убава торта со старински шмек и доза на модернизам, но имаше една маана... беше премногу блага, па на еден дел во наведените состојки нагласив да се намали на шеќер, а намален е и соодносот на сирупот за преливање. Но, секој со вкусот. Сепак, на некои им беше баш таман.
Лиценца: Сите права се задржани
Vpecatokot koj go pisav deka tortata e mnogu blaga, si go povlekuvam sega :) Se uste ne mi e jasno kako i zosto, no koga sledniot den otkako go prativ receptot vkusiv pak od nea, mi bese sosema normalna blazina kako za torta :)
Tortata dilgo ja merkam,, ama prilika ne se dade, a tvoite zabeleski ke gi imam vo predvid :)
Еве уште една сликичка од пресекот некаде кога се стигна до половина ;)