Јадран торта
Јајцата се матат со шеќерот додека масата се запени, а потоа им се додаваат оревите, брашното, чоколадата и пецивото. Се меша смесата и се пече во калап за торта 30 околу 20 минути на 170.
Одкако ке се олади тестото се сече на пола и се филува.
фил
Млекото се вари со шеќерот и од како ќе зоврие се додаваат пудинзите и се вари крем.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон оладениот пудинг. Смесата убаво се мати и на крај кон целата смеса се додаваат мелените наполитанки и се филува тортата внатре и одозгора.
За декорација се топи чоколадата и се полива врз тортата па со помош на лажица се украсува.
Вкусна торта,преубав фил.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
а декорацијава е како луда штекер фризура :) :) :) :)
сите родендени нека ви се среќни <3
fala za cestitkite:)
najubavite napolitanki ama na Evropa