Јадран торта
Состојки
- 5 јајца
- 10 лажици шеќер
- 5 лажици сецкани ореви
- 5 лажици рендана чоколада
- 5 лажици брашно
- 1 пециво
- фил
- 1л млеко
- 3 кесички пудинг од лешник
- 400гр наполитанки со лешник
- 200гр шеќер
- 250гр маргарин
- 200гр шеќер во прав
- 200гр чоколада за готвење(за декорација)
Подготовка
Јајцата се матат со шеќерот додека масата се запени, а потоа им се додаваат оревите, брашното, чоколадата и пецивото. Се меша смесата и се пече во калап за торта 30 околу 20 минути на 170.
Одкако ке се олади тестото се сече на пола и се филува.
фил
Млекото се вари со шеќерот и од како ќе зоврие се додаваат пудинзите и се вари крем.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон оладениот пудинг. Смесата убаво се мати и на крај кон целата смеса се додаваат мелените наполитанки и се филува тортата внатре и одозгора.
За декорација се топи чоколадата и се полива врз тортата па со помош на лажица се украсува.
Вкусна торта,преубав фил.