Ѓулбастии со компири
Кромидот и компирите се рендаат на крупната страна од рендето, а лукот ситно се сецка. Се додава мешан сув зачин, сол, црн бибер и меленото месо и се меша/меси.
Ви грил тава се налева масло да зафати половина см ниво и во него се пржат кофтиња од смесата.
Пржените ќофтиња се одложуваат во чинија на страна и во истата мрснотија се додава брашното да се запржи, па се налева млекото, потоа водата (200мл) и на крај се посолува, побиберува и се додава малку мешан сув зачин. Убаво се меша се додека не се добие кремаста густина и потоа се трга од оган.
Ќофтињата скалесто се редат во огноотпорен сад и се преливаат со сосот.
Павлаката се разматува со 50 мл вода и со неа се прелива најгоре.
Се печи 30 мин на 200 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор
Ванеса, компирите „живи“ се рендаат. Потоа подлежат на пржења па на печење и на тој начин добро се обработиваат.