Шунка со печурки
Овој рецепте од “Кувар за свако домачинство„ од 1981 година од Драгиша Миловановиќ.
Ако се свежи печурките најпрвин треба да се измијат и да се исечат 3/4 ситно, а останатите на листови. Да провријат во посолена вода и да се исцедат. Јас користев шампињони од саламура. Правиме бешамел сос со брашното и 50 грама маргарин. Малку го запржуваме брашното и го додаваме млекото да се вари на многу тивок огаан и да врие 10 минути. Ги додаваме печурките и вариме уште десетина минути. Шунката ја сечеме на 16 кругчиња и редиме во огноотпорен сад. Одоздола ставаме 6 парчиња. Врз неа го полеваме бешамелот и останатите парчиња шунка. Можете и малку да посолите и зачините со вегета и црниот бибер по желба. Павлаката малку ја загреваме, внимавајки да не почне да врие. Полеваме одозгора,го додаваме остатокот од маргаринот и ставаме да се пече во добро загреана рерна на 250 степени да се подпече. Се служи топло. Ова јадење многу ни се допадна,па ви го препорачувам да си го спремите. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани