
Салата со свежи печурки и чадена шунка
1. Свежите печурки се зачинуваат со сол, мелен бибер, лут буковец и куркума и се пропржуваат кратко во маслиново масло, а потоа се тргаат настрана.
2. Во истата тава се пропржуваат парчињата чадена шунка (сосема кратко).
3. Краставицата и доматот се сечат на помали парчиња, се додаваат печурките и чадената шунка и се заедно се прелива со маслото во кое се пржеа печурките и шунката.
4. На крај салатата се наросува со ситно сецкан магдонос.
5. Салатата се сервира со прелив кој се добива со мешање на горенаведените состојки.
Лиценца: Сите права се задржани