Фантастична орев штрудла,најдобра што сум ја пробала со одличен мирис и вкус.
Прво се активира квасецот со млакото млеко и една лажица шеќер.
На страна во голем сад се ставаат сувите состојки,се мешаат и потоа се додаваат течните состојки и квасецот.Се меси убаво додека се добие меко и нелепливо тесто.Во тестото се додаваа ренданата кора од портокла и лимон.
На топло место се остава да стасува,покриено со крпа.
После половина час се премесува тестото и се остава повторно да стасува околу половина час или повеќе.
Кога тестото е стасано се додава сувото грозје,се меси и се дели на три дела.
Од секој дел сучиме дебела кора која се мачка со фил.
Фил
Млекото го ставаме да се стопли убаво додека стане жешко,и со тоа ги попаруваме оревите со какао и шеќер.Ако имате потреба можете да додадете уште малку млеко.
Со филот ги мачкаме корите и формираме ролати.Формираните ролати ги ставаме во длабоки плахчиња со димензии 22 на 12 цм.Оставаме да стасуваат уште околу 20тина минути.
Ги премачкуваме со јајце и ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Чекаме да се олади и уживаме,најдобро со шоља вкусно кафе!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови