Во сад го ставаме млакото млеко, квасецот, дел од шеќерот и оставаме да се активира.
Активираниот квасец го додаваме во брашното и се додаваат сите останати состојки.
Се замесува мазно нелепливо тесто. Тестото од горе го мачкаме со малку масло и го оставаме да стасува додека се дуплира.
Стасаното тесто го премесуваме и го оставаме уште еднаш да стасува.
Во меѓувреме го подготвуваме првиот фил
Во мелените ореви го додаваме какаото и чоколадото и се додава млако млеко. Се убаво се меша и филот е готов.

Стасаното тесто за ролат го делиме на три делови и сучиме кори дебели околу еден сантиметар.
Две кори мачкаме со фил од ореви а една со мармалад од јагоди. Корите ги виткаме во ролати.
Потоа плетеме плетенка и ја мачкаме со разматено јајце и наросуваме со сусам.
Јас ролатот го печев во намрсен калап за куглоф, а вие можете и во обичен правоаголен плех.
Ролатот се мачка со разматено јајце и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови