Вака приготвеното месо може да се служи топло со било каков прилог, но мислам дека највкусно е ладно служено или што би се рекло отстоено.

Подготовка:

1. Барем 3 часа пред печењето месото треба обилно да се посоли и побибери. Се остава во фрижидер да отстои.
2. По должина на месото, со остар нож се засекува месото или се прават вдлабнатини. Морковите исчистени, се сечат на половина по должина и се ставаат во вдлабнатините на месото. На површината на месото се прават мали засеци и се ставаат чешнињата лук. Месото се става во сад со капак (најдобро е огноотпорен стаклен сад), се полева со малку зејтин, се става кромидот исецкан на крупно. На крај месото се полева со вино. Се става во рерна 15 минути на 200 степени без капак. Потоа се става капакот, се намалува температурата на 180 степени и така се пече околу 1 час.
3. После еден час се трга капакот и со четка се премачкува месото со сенф. Се враќа во рерна уште 15 минути на 200 степени без капак.
4. Се вади месото од течноста малку да олади, а течноста се блендира со рачен миксер. Јас немав потреба за додавање на ништо во сосот. Ако е потребно односно ако ви е редок сосот додадете малку нишесте и мешајте го на оган додека да се згусне.
5. Месото го сечеме на парчиња и полеваме од сосот пред служење.
Прилогот е по ваша желба. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови