Ова е еден од моите омилени сосови за шпагети.

1. Шпагетите се стават да се варат во поголема количина посолена вода која врие.
2. Шампињоните се сецкаат на тенки ливчиња и ставаат во тава со малку масло да се пропржат. Се посолуваат за побрзо да ја испуштат водата. Потоа се додава шунката исечена на тенки ленти и се пржи уште многу кратко. Се додава павлаката и се зачинува по вкус.
3. На крај се додаваат сварените шпагети и се промешува. За да биде покремаст сосот, се става малку од водата во која се вареле шпагетите, затоа внимателно со солта.
4. Се сервира, и се ужива!

Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани