Експресен и едноставен ручек, а вкусен, вкусен...Ти благодарам Биби за рецептот!

1. Шпагетите сварете ги според упатството на кесичката.
2. За тоа време излупеното лукче насечкајте го ситно и ставете го за кратко да се пропржи на маслото кое сме го исцедиле од конзервата со туна.
3. Откако ќе се пропржи лукчето ја ставаме туната и таа да се пропржи некои 5-10 минути.
4. Го ставаме доматниот сос и оставаме да врие додека да се згусне. Густината ја правиме по желба.
5. На крајот од вриењето ги додаваме маслинките и зачините. Сервираме.

Забелешка

Користев зелени маслинки со пиперче и црна дојранска маслинка. Кога го оставате доматниот сос да врие, не претерувајте, затоа што тој се згуснува и додека се лади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани