Верувам дека многумина од вас ќе се потсетат на овој деликатес од детството, кој и ден денес не радува, и нас, а и нашите дечиња, посебно затоа што многу ретко може да го најдеме овој десерт, освен на некои панаѓури.

Подготовката е на следниот начин

1. Ги ставаме шеќерот и водата да провријат, па ги додаваме оцед
тот, медот и црвената прехрамбена боја.
2. Сето тоа се остава да врие додека да се достигне температура од 150 степени (одприлика 10-15 минути)
3. Потоа јаболкцата (претходно измиени и суви, буцнати на стапчињата за ражничиња) ги брцкаме во шеќерниот сируп убаво да се обложат од сите страни, малку ги протресуваме да падне вишокот и ги редиме врз мрсна хартија да се исушат.

Јаболката гледајте да бидат што е можно помали.....уживајте во овој прекрасен летен освежувачки десерт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови