На пареа стопете го чоколадото со маслото. Клапчињата за пралини обложете ги со 3 слоја чоколадо, така што при секое премачкување оставајте секој слој да се здрви.
Вмешајте го шеќерот во прав во ликерот. Мешајте се додека шеќерот убаво се стопи со течноста.
Во секое чоколадирано калапче ставете по една вишна и со мало лажиче дополнете од зашеќерениот ликер. Внимавајте да не се полни до горе, ами некој милиметар подолу од краевите, бидејќи на крај треба да ги затворите пралините со слој чоколадо. Како полнежот е само густа течност преливањето (затворањето) на пралините со чоколадо се почнува од краевите кон средината, со побрзи движења на лажицата и на крај слојот чоколадо се израмнува сосема да го покрие полнежот. И, евентуално ако прелие мал дел од течноста додека затворате, не плашете се, едноставно само порамнете со чоколадото и се ќе е во ред.

Забелешка
Доколку сакате филот да е погуст од приложениот, придодадете шеќер (само автоматски ќе се и поблаги така), а доколку сакате поредок и не толку благ ставете 30 гр за почеток.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани