Шах торта
За мојот стоти рецепт се одлучив да ја направам оваа шах торта.
Рецептот ми е од еден многу стар готвач, одамна сакам да ја направам и еве денес и дојде редот.
Во оригиналниот рецепт за оваа торта ви се потребни 2 пандишпани, еден темен и еден жолт. Се прават правоаголни кори, се делат на два дела, потоа на жолтата кора се премачкува од кремот и се редат коцки, една темна една жолта и да се добие поле на шах. Потоа се става темната кора и се почнува со спротивната боја од претходната кора, значи темна коцка и така наизменично да се добие пак шаховско поле. Тортата ја филувате со крем и ја декорирате.
Но, јас ја правев на поинаков начин, односно со кружни пандишпани, а овде начинот на редење малку се разликува од претходниот ќе ви презентирам понатаму.
Ако ја правите на мој начин можете кај темната кора да ја дуплирате дозата и така наместо да правите посебни пандишпани можете да го пресечете хоризонтално на средина како што се сече жолтиот. Јас правев три бидејки во едниот има лешници во другиот бадеми.
Бадемите и лешниците ги мелеме во посебни садчиња. Чоколадото го растопуваме. Од белките правиме добро изматен снег од белки.
За темното тесто ги матиме жолчките со шеќерот, убаво да се згусти смесата. Го додаваме растопеното чоколадо, бадемите и промешуваме. Го додаваме и брашното, промешуваме малку со миксерот и го додаваме снегот од белките и добро мешаме да се изедначи смесата.
Рерната ја загреваме на околу 180 - 200 степени. На плекчето ставаме малку зејтин, размачкуваме насекаде и ставаме исечена хартија за печење. Ја истураме смесата и печеме околу десетина минути или зависно од јачината на рерната. Повремено проверуваме со чепкалка да не се лепи од тестото.
Жолтиот пандишпан го правиме на следниот начин.
Од белките правиме снег. Жолчките добро ги матиме со шеќерот, го додаваме исцедениот сок од лимонот, ренданата кора и брашното. Го додаваме снегот од белки промешуваме и печеме. Кога се испечени сите пандишпани ги сечеме хоризонтално. Јас печев во плекче број 28. Поделете ги пандишпаните на пет дела (обрачи со чинија, потоа со помала, пак помала или некоја тацна така да обрачите бидат со иста ширина како што се гледа на дополнителните слики)
Последното ќе ви остане мало кругче.
За подготовка на кремот ставете во подлабок сад да зоврие вода.
Во друг сад ставете ги жолчките. шеќерот, млекото и ванилата. Ставете го садот над тенџерето и со рачна мешалка со постојано мешање бркајте додека да се згусти кремот. Потоа додајте го растопениот маргарин кој претходно добро ќе го изматите. Се заедно промешајте убаво да се изедначи кремот. Во мојот случај тортата ја филував со кремот и со слатка павлака.
Павлаката ја мешаме со шеќерот убаво да се згусти. Ако сакате може и само со крем фил само дуплирајте ја дозата.
Го земаме најголемиот обрач од темното тесто и го ставаме на површината на која ќе ја филуваме тортата. Земаме од филот и ставаме странично внатре околу обрачот. Го додаваме помалиот обрач од жолтото тесто, го филуваме и го ставаме помалиот обрач од темното тесто. Така правиме до последното делче од пандишпанот. Нежно со рацете притискаме насекаде да биде рамна површината на тортата и ја филуваме со кремот.
Наредниот спрат на тортата го започнуваме со најголемиот обрач од жолтото тесто и како на првата кора редиме наизменично, една па друга боја. Така ја повторуваме постапката до крајот на редењето на сите обрачи. На крајот тортата ја филуваме со кремот или павлаката во мојов случај.
Чоколатцата исечете ги на квадратчиња и декорирајте ја тортата по ваша желба.
Оваа торта многу е декоративна, а секако и вкусна, затоа ви ја препорачувам да ја пробате. За декорацијата не мора строго да се придржувате до количината на состојките, можете да филувате и со рендано чоколадо како шаховско поле. Ви посакувам убаво да се засладите.
П.С.Да потенцирам дека јајцата за корите се од домашни кокошки од нашата Лилјанче затоа се толку жолти.
Лиценца: Сите права се задржани
Ти си дефинитивно нашата Кралица на тестото :), а со задоволство уживаме и во твоите домашни манџи кои ја носат традицијата на подготовка на месо, зеленчук и разни лисести зеленила кои се наоѓаат по ливадите.
Како благодарност за твојот труд, ти подаруваме Делимано Фестиво електрична тава. Честитки!
Ti cestitam za objavuvanjeto na 100-tiot recept i ti posakuvam uste mnogu drugi objaveni i nagradeni recepti :))
Ke se druzime nie ovde :))
Tortata preubava..... golem pozdrav :)
Честито 100-ка,да ти се множат уште многу,многу......
Рецептот е прекрасен,во секој поглед!
Само немојте сега,коковчето да го направите попопуларно од тортата :)
Ljubickeeee, jas sum i snaa na Svetlankata, sto me gajle.. ke me trpi, neli snaa sum ... se salime nie samo, taman rabota... pocituvana snaa sum, a muabetot si go znaeme, Ceca Li ne zasluzuva da i se karam....mnogu e dobra,
А тортата многу убава :)))
Тортава е прекрасна, си направила одличен избор за твојот јубилеј:)
Честитки за наградата и за рецепт на денот:) Поздрав