Со миксер се мати маргаринот,шеќерот и ванилиниот шеќер.Потоа додаваш пециво,1 јајце и 500 гр брашно и се убаво се меси со рака.Тестото се дели на два дела .Во едниот дел ставаш какао и убаво се меси.На маса прво се сука белото тесто па потоа црното.Се става бело па црно тесто и виткаш во ролат.Со нож се сечат парчиња дебели по 1 см.(види слика) и правиш топчиња.Се редат во плехче обложено со хартија за печење.Се печата 35 мин. на температура од 160 С.Колачите се доста мекикога се јадат.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови