Јајцата се матат со шеќерот со миксер. Се додава брашното, пецивото, сецканите ореви и капучиното. Се меша со лажица и оваа смеса се става во подмачкан плех да се печи. Во меѓувреме се подготвува пудингот. Во зовриено млеко се става прашокот за пудинг со 4 лажици шеќер. Кога пудингот е готов се остава да се излади. Од изладеното тесто со чаша се вадат тркалезни форми кои се сечат на половина за да се добијат две. Изладениот пудинг се мати со маргаринот и ванилата. Со оваа смеса се полни секое колаче внатре. Одозгора се премачкува секое со топеното чоколадо. Секое се прпелка во кокос, а одозгора се украсува со шарените мрвици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови