![Чорба со сладок компир и ориз](https://moirecepti.mk/content/uploads/2016/01/DSCN2499-8f22b2-800x600.jpg)
24
јан
2016
Чорба со сладок компир и ориз
Многу лесна, брза и освежувачка чорба.
Слаткиот компир сварете го, исцедете го и испасирајте го.
Ставете го во тенџере, ставете ја и водата во која се вареше, додајте го доматниот сок, оризот, маслото, зачинете и оставете ја да се вари се додека не се свари оризот. Густината прилагодете ја на вашиот вкус. На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови