Испечати

Чорба со сладок компир и ориз

Чорба со сладок компир и ориз

Состојки

  • 1 парче сладок компир (батат)
  • 300 мл густ сок од домати
  • 50 гр ориз
  • 1 и 1/ л вода
  • зачини мешан зачин, бибер
  • 50 мл маслиново масло

Подготовка

Многу лесна, брза и освежувачка чорба.
Слаткиот компир сварете го, исцедете го и испасирајте го.
Ставете го во тенџере, ставете ја и водата во која се вареше, додајте го доматниот сок, оризот, маслото, зачинете и оставете ја да се вари се додека не се свари оризот. Густината прилагодете ја на вашиот вкус. На здравје!