25
окт
2012
Чорба од брокули
Во загреано масло ги пржиме морковот и брокулите. Кога ќе омекнат додаваме една лажица брашно. Посипуваме врела вода. Оставаме да врие околу пет минутки. Додаваме малку фиде и една рака тарана. Посолуваме со вегета по вкус, црн бибер и оставаме да се вари уште петнаесетина минути на тивок оган. Пред крајот додаваме малку магдонос. Се служи топло. Прекрасна е за во ладните зимски денови. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Dobre dojde :)))
е видиш тоа не ми текнало да џинтнам во супица :)
добро. предјадење добивме. ајде сега да ни послужиш главно јадање или барем благце (седнува и чека нов рецепт) :) :) :) :)