Во загреано масло ги пржиме морковот и брокулите. Кога ќе омекнат додаваме една лажица брашно. Посипуваме врела вода. Оставаме да врие околу пет минутки. Додаваме малку фиде и една рака тарана. Посолуваме со вегета по вкус, црн бибер и оставаме да се вари уште петнаесетина минути на тивок оган. Пред крајот додаваме малку магдонос. Се служи топло. Прекрасна е за во ладните зимски денови. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови