Мошне вкусно, брза и лесна подготовка....

1.За подлогата се соединуваат наведените состојки и се ставаат на дното од срце калап.Се става во фрижидер додека се подготвува филот.

2.Се топи чоколадото над пареа и се остава да подизлади. Се мати крем сирењето со шеќерот во прав и ванилата. Се додава чоколато и убаво се миксира. Со лопатка се вмешува изматената слатка павлака.

3.Се нанесува над подлогата и повторно се става во фрижидер.

4.За ганашот се загрева слатката павлака и се излева врз искршеното чоколадо.Се изедначува убаво.
Се излева над филот.

5.Се враќа повторно во фрижидер, најдобро цела ноќ.

Од оваа доза ми излезе срцето и пет чашки како на фотографијата.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани