Подготовка на филот
Во тенџере на оган се вари шеќерот со водата, се додаваат 2 вида чоколадо, какаото и жолчките претходно биени со миксер. Кога смесата ќе добие убава густина се трга настрана да се излади и кога ќе биди ладно се бие со 150 гр.маргарин.

Пандиспања
Белките се бијат со шеќерот. Кога ќе се избие убаво се ислкучува миксерот и се додава брашното, пецивото и презлата и мешаме со дрвена лажица.
Тестото го истураме во калап срце обложено со хартија и печиме на 170 степени околу 30 мин.
Кога ќе биди ладна паниспањата ја филоваме и украсуваме по желба.
Во овој рецепт ни би менувала ништо, едноставно го обажавам, најубав рецепт
ми е за чоколадна торта.
Направете ја за роденден, за вашата сакана личност или едноставно
направете ја без повод за да се облажите,позз

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови