Иако одамна еден рецепт си чувам за оваа прилика, сепак за 200от се одлучив да биде мојата скорешна роденденска торта, која освен ќе го бележи бројот на моите досегашни рецепти, ќе ја бележи и мојата целогодишна дружба со вас и активност на Мои Рецепти, кога на 14 март за прв пат случајно го пратив својот прв рецепт
http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%83%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8/
...и од тогаш ме вративте во кујна и ми навлековте едно ново хоби, хоби за готвење.
Е па, ајде да се вратиме на готвењето : )

Јајцата и шеќерот убаво изматете ги, се додека не се добие убава кремаста маса.Матејќи, лажица по лажица, додадете ги маслото и млекото.Потоа додадете ги исто така и останатите состојки.
Испечете 3 вакви теста.. Користев тава бр.24. Тортата е солидно висока, па ако сакате поголема, а нормално висока, можи да печите и во бр.26.

Половина литар слатка павлака оставете да дојди до степен на вриење, па потоа додадете ги чоколадата искршени на коцки. Исклучете ја ринглата и мешајте се додека не се хомогенизира смесата.
Тргнете од оган и оставете да олади.
Изматете ја и другата слатка павлака.
1/3 од чоколадната смеса тргнете настрана-таа ќе биде за премачкување на корите, а другата измиксирајте ја во изматената слатка павлака.

Секоја кора прво се натопува со млекото со Несквик, па се премачкува со 1/3 од чоколадната смеса, па врз неа се премачкува со 1/3 од филот.
Најгорната кора се прелива со останатиот дел од чоколадната смеса, а со филот се премачкуваат страните.

Украсете ја со ролери, бони топ, чоко смоки, наполитанки, бомбончиња, шарени шеќерни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани