Подготовка на чашкичките
1. Искршеното чоколадо растопете го на пареа, потоа тргнете го од оганот. Садот во кој се наоѓа растопеното чоколадо завиткајте го во памучна крпа за да ја држи подолго време постигнатата температура.
2. Садот со чоколадото приближете го блиску до силиконските калпчиња. Потоа со мала четкичка полека премачкајте ги калапчињата, почнувајки од дното, па по зидовите, додека бидат убаво премачкани со чоколадо. Кога ќе завршите проверете дали убаво сте премачкале и ако е потребно повторете ги уште еднаш. Не се грижете за неправилната внатрешна форма и така таа подоцна ќе биде покриена со карамела.
3. Премачкајте ги сите калапчиња и ако е потребно повторно загрејте го малку чоколадото, за да може подобро да го работите. Ставете ги калапчињата на ладно место, но не во фрижидер околу 1 час .
4. Кога чашкичките ке бидат добро изладени, поминете со остар нож по краевите за да го исчистете чоколадото што е вишок. Бидете многу внимателни и полека извадете ги од калапчињата. Извадете ги сите и ставети ги повторно на ладно и суво место, додека ј подготвувате карамелата.

Подготовка на карамелата
1. Шеќерот и водата ставете ги во тава со тешко дно и бркајте без прекин на тивок оган со дрвена лажица додека шеќерот не се растопи и течноста стане прозирна.
2.Оставете ја течноста да врие без бркање, додека течноста не добие темно златеста боја.
3. Тргнете ја тавата од огнот и оставете ја течноста да одмори 2 минути, потоа додајте го путерот и пола од солта, бркајте без прекин додека путерот не се растопи.
4. Додајте ја и павлаката и бркајте додека смесата не стане компактна и светкава.
5. Префрлете ја карамелата во сад отпорен на топлина и додајте ја и останатата сол и промешајте. Оставете карамелата да се излади околу 1 час и промешувајте ја во меѓувреме.

Полнење на чашкичките
1. Карамелата и чоклоладните чашкички ставете си ги многу блиску,  па со мала лажичка земајки од карамелот полнете ги внимателно чашкичките.
2. На крај попрскајте ги со по неколки кристали сол кој дава преубав контрас со карамелот.
Излегуваат 30 чашкички.

Добар апетит.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови