Чоколадни срца
Прва женска свадба во фамилија, не може да помине без благо се разбира. Овие срциња беа подготвени за нас девојките кои храбро ја чувавме невестата =)
1. Прво растопете го чоколадото со зејтинот и премачкајте ги калапите во 3 слоја, оставајте го секој слој по 15тина мин. во фрижидер да се стегне, а третиот може и малку подолго. Имам само 1 калапче со 12, па процесов ми траеше малку подолго, но на крај се исплатеше.
2. За филот растопете го чоколадото на пареа и оставете малку да се излади. За тоа време пенесто изматете го путерот. Доколку користите темно чоколадо ќе си додадете и шеќер по вкус. Постепено додадете го стопеното чоколадо и убаво изматете. Додадете ја ванилата, кората од портокал, циметот и каранфилчето и повторно изматете. Кремот ви е готов.
3. Извадете ги корпите од калапчето и со помош на шприц наполнете со кремот. Декорирајте по желба.
Добар апетит =)
Оваа комбинација на состојки прв пат ја пробав кога ги правев Заборавените колачиња од Лили и не воодушеви сите дома, ароматичен спој на состојки, одличен вкус ... и нормално морав да ја повторам во некој друг рецепт =)
Лиценца: Сите права се задржани
Ова ми беше прво искуство со правење на корпи/пралини ... ама уставри ич не било страшно :))) ... ќе се увежбам па нареден пат и пралини и капачиња ќе биде :)
Фала ти и за идејата :)