
Чоколадни свеќички
Ете ги нашите посни Новогодишни колачиња. Многу брзо се прават и што е најбитно излегуваат поголема количина па ќе има за сите. Најпрво да напоменам дека чашата што е користена во рецептот е 250 мл.
Пошто сакав колачињата да се посни ги правев со маргарин, а секако верзијата со путер е уште повкусна. Во подлабок сад за матење се става омекнатиот маргарин и шеќер во прав. Со миксер се мати маргаринот. Се додава какао, мелени бадеми, брашно и ванила и се замесува тесто. Не е потребно да стои тестото во фрижидер туку веднаш се развлекува кора со сукалка со дебелина од 5 мм и со модличка ѕвезда се формираат колачите. Врз секое колаче се става по еден цел бадем што треба да го симболизира пламенот на свеќичката. Се печат на 180 степени 12-15 мин.
Празниците можат да почнат. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови