Чоколадново задоволство го подготвив за јубилејниот роденден на близнаците.

Подготовка на фил
1. Чоколадото го растопуваме и во него додаваме чоколаден крем. Оставаме малку да олади.
2. Путерот кој ни бил оставен на собна температура го матиме со шеќерот во прав.
3. Овде ја додаваме слаката павлака, цеденот сок од портокал и растопеното чоколадо со крем. Матиме до соединување.
4. Секоја кора ја премачкуваме со фил, а на крајот и целата торта.
Подготовка на ганаж
1. Слатката павлака (100 мл) ја загреваме во сад на рингла па го додаваме чоколадото да се растопи и соедини.
2. Го додаваме и кремот.
3. Ја оставаме смесата малку да подизлади па убаво ја матиме со миксер.
4. Откако смесата ќе биде убаво измазнета додаваме во неа 50 мл слатка павлака и матиме кратко, се додека да се зголеми малку волуменот на кремот. Оставаме малку да се стегне па го ставаме во шприц и ја украсуваме тортата.
Подготовка на бел фил
1. Слатката павлака ја матиме со беле крем. Ја ставаме во шприц и ја украсуваме тортата.
2. Ги распоредуваме чоколадните лушпи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани