Во длабок сад кршеме 6 цели јајца и 4 балки го додаваме шеќерот и матиме со миксер. Откако ке се растопи шеќерот го исклучуваме миксерот и во смесата го додаваме чоколадото, какаото, брашното, пецивото и мешаме со лажица да добиеме хомогена смеса. Смесата ја истураме во четвртаст пех обложен со хартија и ја ставаме да се пече.
фил
Какаото,шеќерот и млекото(водата) ги ставаме во тенџере на оган и мешаме со лажица да се растопат состојките. Треба да врие 1минута и го тргаме тенџерето од оган и оставаме да се излади.Чоколадото и 1/4 од маргаринот се растопува и тоа го оставаме на страна да се излади. Во длабок сад го ставаме останатиот 2/3 маргарин и шеќерот во прав и го матиме со миксер додека стане пенесто. Го додаваме изладеното какао, чоколадото и на крај се додаваат 4 жолчки една по една.
Кората ја сечеме на три еднакви ленти и ја филуваме со филот. Со филот ја премачкуваме целата торта. Шлаг пената ја матиме и ја украсуваме тортата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови