Чоколадна торта
Во длабок сад кршеме 6 цели јајца и 4 балки го додаваме шеќерот и матиме со миксер. Откако ке се растопи шеќерот го исклучуваме миксерот и во смесата го додаваме чоколадото, какаото, брашното, пецивото и мешаме со лажица да добиеме хомогена смеса. Смесата ја истураме во четвртаст пех обложен со хартија и ја ставаме да се пече.
фил
Какаото,шеќерот и млекото(водата) ги ставаме во тенџере на оган и мешаме со лажица да се растопат состојките. Треба да врие 1минута и го тргаме тенџерето од оган и оставаме да се излади.Чоколадото и 1/4 од маргаринот се растопува и тоа го оставаме на страна да се излади. Во длабок сад го ставаме останатиот 2/3 маргарин и шеќерот во прав и го матиме со миксер додека стане пенесто. Го додаваме изладеното какао, чоколадото и на крај се додаваат 4 жолчки една по една.
Кората ја сечеме на три еднакви ленти и ја филуваме со филот. Со филот ја премачкуваме целата торта. Шлаг пената ја матиме и ја украсуваме тортата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Се е чоколадо
Може ли да е лошо
П.С.
Тортата е прекрасна, но следниот пат направете повеќе од една фотографија од различини агли, со повеќе светло, за да може убаво да се прикаже целата нејзина убавина (на приготвениот рецепт).
Еден од условите за учество во изборот за Рецепт на денот и месецот е и убавата фотографија. Се разбира дека од време на време дозволени се и отстапки :)
Многу ви благодарам за можноста за учество во изборот.
поздрав
ваква убавиЊа не се прави само за еднаш :) :) :) :)
направи ја пак наскоро и сликај ја поубаво, па нека кажат од мои рецепти дали смееш да ја смениш главната фотографија :)
чичко/тетке мои рецепти?
Ќе ни биде голема чест ако повторно ја направиш тортата и направиш фотографии кои ќе ги надминат по квалитет фотографиите кои се веќе објавени. Како што знаеш еден од условите за избор на Рецепт на денот и Рецепт на месецот е и убавата фотографија :)
Наш совет е секогаш при фотографирање на подготвениот рецепт да се прават повеќе од една фотографија. Така ќе може да се избере најдобрата.
Приготвеното јадење да се фотографира во светла просторија или дневна светлина и светлото да не доаѓа од зад предметот кој се фотографира.
Се надеваме дека барем малку ти помогнавме со овој добронамерен совет.
Поздрав :)