Чоколадна кростата со фил од кокос
Најпрво подгответе го тестото
Во сад ставете ги сите состојки и убаво измесете го додека добиете изедначено тврдо тесто. Потоа завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 1 час.
Во меѓувреме подгответе го филот.
Во сад ставете ги јајцата и разматете ги со вилушка. Додајте ги двата вида на сирење и мешајте ги да се соединат со јајцата. Потоа додајте ги останатите состојки и измешајте ги да се изедначат.
Извадете го тестото од фрижидер. Еден мал дел оставете за декорација на кростата а другиот дел на набрашнета површина развлечите кора сосем малку поголема од калапот или тавата (бр 28).Кората ставете ја во калапот и израмнете ја по страните а дното избоцкајте го со вилушка.
Додајте го филот и израмнете го. Од останатото тесто направете лентички или форми со калапчиња и наредете ги одозгора над филот.
Ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35 мин.
Потоа оставете ја убаво да излади и послужете се.
Лиценца: Сите права се задржани