
Чоколадна баунти кростата
Едноставна и поинаква кростата,која сигурно ќе ви се допадне.
Прво го приготвуваме филот. Млекото со 100 гр.шеќер се загрева и се додава пудингот разматен со 2 ванили и 5 лажици млеко(претходно одвоено од 600 мл.). Пудингот се мати на оган додека згусне(како што се прави пудинг). Кон топлиот пудинг се додава кокосот, се меша и се остава на страна.
За тестото во еден сад се става брашното,100 гр шеќер ,50 гр.какао и 1 пециво. Се меша со лажица. Кон ова се додава путерот и 2 јајца. Се заедно се меси со рака и се добива смеса од грутки од тесто.
Половина од тестото се става на намастен плех со путер(бр.26). Тестото се тапка и врз него се додава филот. Врз филот се додаваат преостанатите грутки од тесто. Се пече на 180 степени 35 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови