Чискејк кој се прави за 15 минути.
Мелеме бисквити и ги префрламе во сад.
На страна топиме путер и нутела па додаваме и вода и месиме тесто од бисквитот.
Го расплескуваме на намастен калап за тарт.
Убаво тапкаме со рацете на среде потeнко, а по краевите подебело.
Одиме со подготовка на филот.
Крем сирењето се мати со шеќерот во прав и со нутелата,
Се додава ванилата и се мати.
Кога е матен филот, нанесете го врз бисквитот рамномерно.
Листовите од бадем се попрскуваат врз чискејкот и се става во ладилник.
Уживајте во прекрасниов брз десерт.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови