На темата со банани, инспирација ми беше да го смучкам овој чиа појадок и испадна баш како што го замислив. Како да јадеш од оние купените овошни јогурти со вкус на банана.

1. Испасирајте ја бананата и потоа измешајте ја кашата со медот. Додадете ги јогуртот и чиата, измешајте убаво.
2. Истурете ја смесата во чаша и покријте ја со капак или, стреч или алуминиумска фолија .
Оставете ја во фрижидер преку ноќ.
3. Издробете ореви, ставете шлаг и над него повторно ореви.
Послужете за појадок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани