Црвен грав со праз (посно)
Гравчето е традиционално јадење без кое не може да се замисли македонската кујна. Имаме многу врсти на грав, а јас настојувам сите да ги пробам. Овој црвен грав денеска што ви го презентирам особено е вкусен и корисен, па освен за ручек го користиме и во комбинација на салати.
1. Гравот го вариме со главица кромид.
2. Пиперките ги ставаме во вода да покиснат и да се измијат малку.
3. Празот и младото кромитче ситно ги сечкаме и ги ставаме да се пропржат во масло, на тивок оган. Ги сечкаме и пиперките и нив ги ставаме. При крај на пржењето додаваме две кутлачи вода во која се варел гравот.
4. Откако сите состојки убаво ќе се пропржат го ставаме гравот и испасираното кромитче кое се вареше во него. Кратко пропржуваме, ги додаваме зачините и брашното. Водата во меѓувреме скоро испарила, а тоа што останало се врзало со брашното и сите состојки.
Забелешка
Пиперките што ги ставив малку налутнуваа, така да ручекот имаше пикантен вкус.
Лиценца: Сите права се задржани