
18
окт
2016
Ципура на жар
Подготовка:
Исчистената риба ја полниме со малку морска сол и пола сок од лимон. Премачкуваме со маслиново масло и ја ставаме да отстои во фрижидер 5-6 часа. Распалената скара (можете и електрична) да биде на средна температура, ставаме решетка за риба и рибата ја печеме. Доволно е од 10-12 минути за секоја страна. Во текот на печењето ја премачкуваме рибата со течноста која останала во садот при стоење во фрижидер. Се служи со добро разладено бело вино.





















Печена на жар..вкусна,сочна,совршенааа
Прилог од блитва и компир