Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Додајте ги гризот, млекото и маслото и матете уште малку на помала брзина.
Потоа додајте ги мелените ореви, сувото грозје, ренданите јаболки и брашното измешано со пецивото.
Убаво измешајте со дрвена лажица и истурете ја смесата во округол калап или плех, претходно премачкан со масло и посипан со брашно.
Печете на 180 степени, 40 минути( зависно од печењето на рерната).

Испечената торта оставете ја да се олади, а во меѓувреме направете го преливот така што сите состојки за преливот ставете ги во сад на пареа и мешајте додека убаво се растопи чоколадото и шеќерот.

Изладената торта премачкајте ја со мармаладот, а потоа целата торта посипете ја со преливот и наросете чоколадни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани