Испечати

Цеце колач

Цеце колач

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 шоља(од 220мл) шеќер
  • 1 шоља гриз
  • 2 шољи мелени ореви
  • 1 шоља млеко
  • 70гр. суво грозје
  • 1 пециво
  • 2 рендани јаболки
  • 3 лажици брашно
  • 1/2 шоља масло
  • Прелив
  • 100гр. чоколадо за готвење(мин 70% какао)
  • 2 лажици шеќер
  • 4 лажици вода
  • 2-3 лажици масло
  • За премачкување
  • по потреба мармалад од цреши
  • по потреба чоколадни трошки

Подготовка

Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Додајте ги гризот, млекото и маслото и матете уште малку на помала брзина.
Потоа додајте ги мелените ореви, сувото грозје, ренданите јаболки и брашното измешано со пецивото.
Убаво измешајте со дрвена лажица и истурете ја смесата во округол калап или плех, претходно премачкан со масло и посипан со брашно.
Печете на 180 степени, 40 минути( зависно од печењето на рерната).

Испечената торта оставете ја да се олади, а во меѓувреме направете го преливот така што сите состојки за преливот ставете ги во сад на пареа и мешајте додека убаво се растопи чоколадото и шеќерот.

Изладената торта премачкајте ја со мармаладот, а потоа целата торта посипете ја со преливот и наросете чоколадни трошки.