Цвет кифли со колбаси
1. Во еден сад го соединуваме шеќерот, квасецот, малку млеко, 1 лажичка брашно и добро го промешуваме. Го оставаме да нарасне.
2. Го замесуваме тестото со сите состојки и нараснатата смеса со квасецот.
Путерот треба да ни биде на собна температура. Месиме додека тестото почне да се одвојува од ѕидовите на садот во кој го месиме. Го оставаме да нарасне, да се дуплира.
3. За филот сите состојки ги соединуваме, а кобасиците ги сечеме на помали парчиња.
4. Тестото го размесуваме, со сукало го сукаме до дебелина од околу 0.5 см( што потенко тоа подобро) и со чаша или калапче вадиме идентични кругови. На средина на еден круг ставаме од филот и парче кобасица врз него. Малку ја обвиткуваме со тесто кобасицата. Со наредните 4 круга ја обвиткуваме, така да добиеме цвет.
5. Калапот за мафини го намрсуваме со путер и секој формиран цвет го ставаме во него. Цветовите ги премачкуваме со јајце и сусам. Печеме во загреана рерна на 200 степени, додека не поруменат.
Лиценца: Сите права се задржани