Холандски корпиња
Отстранете ги корките на кришките леб. Внимателно ставете ги во модлици за мафини, внимајте притоа да не ви се издроби лебот. Најдобро да користите тазе леб, нема толку да се рони. Ставете ги кришките да се печат на 200 степени во претходно загреана рерна, околу 5-6 минути.
За тоа време почнете со подготовка на филот. Кромидот ситно исецкајте го и пржете го во тава во која претходно сте го стопиле маргаринот. Кога ќе добие златеста боја, додадете ги печурките и продолжете на пржите на средна температура. На страна, исечкајте ги на коцки доматите и ставете ви во еден сад. Кога печурките ќе се испржат, целата смеса ставете ја во садот со доматите. Посолете, побиберете и додадете го ориганото. На крај ставете ја и ренданата гауда.
Лепчињата извадете ги од модлите и ставете ги во плех од шпорет. Полнете ги со спремениот фил. Печете на 180 степени, во претходно загреана рерна, околу 10 минути. Кога ќе бидат готови, наросете ги со ситно сецкан лук власец.
Пријатен апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови