Фичо ќе подготви Путер колач, рецепт кој е најпопуларен во Северна Европа. Се подготвува од само неколку состојки, но е премногу вкусен.

Подготовка

Чекор 1: Во сад за матење ставете го путерот и шеќерот во прав. Матете ги додека не се спојат во еднаква смеса. Во секој колач подобро е да користите шеќер во прав бидејќи така се добива подобра структура.

Чекор 2: Додадете ги жолчките една по една со постојано матење. Додадете го ванила екстрактот, просеаното брашно и млекото. Мешајте со шпатула.

Чекор 3: Во друг сад изматете ги белките во слаб снег, додадете го шеќерот и продолжете со матењето. Снегот додадете го во првата смеса и мешајте со шпатула.

Чекор 4: Ставете ја смесата во тавата и печете на 160 степени, на најдолната решетка околу 35 минути. Потоа зголемете ја температурата на 180 степени и печете уште 10 минути, или проверете дали е печено со чепкалка.

Чекор 5: Сервирајте го колачот на парчиња попрскан со малку шеќер во прав!

СОВЕТ: Пред да го исече колачот, почекајте малку да се излади.