
Хипократова супа
Оваа супа помага при детоксикацијата на организмот, особено на бубрезите, а е многу вкусна, па поради тоа треба да биде редовна на нашите трпези.
Измијте го и изрибајте го зеленчукот, исечете го на коцки од 1,3 см ( не мора толку прецизно). Ставете се во тенџере, додајте вода три прста над зеленчукот, загрејте до вриење, па потоа варете на слаб оган, час до час и половина, односно додека зеленчукот не омекне. Откако ќе се свари, 1/3 од состојките ги ставате во блендер, ги блендирате и ги враќате во супата, за да ја добие потребната густина.
Забелешка
Ако немате блендер, може ги испасирате состојките, а ако имате „пасирка“ и да ги одстраните целулозните влакна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови