Фузили во доматен сос со свежи колбаси
Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги фузилите да се варат.
Во меѓувреме подгответе го сосот.
На колбасите отстранете им ја обвивката и со раце иситнете го месото.
Во тава на оган ставете го месото од колбасот и малку маслиново масло.
Додајте ги сецканите млади кромидчиња, лукот и целерот.
Откако ќе се запржи додајте го виното.
Посолете и наросете црн бибер.
Оставете да се готви на тивок оган.
Откако виното ќе испари додајте ја доматната салса, концентратот од домати, мајоранот и соја сосот.
Промешајте и оставете на тивок оган да се готви додека сосот стане прилично густ.
Сварените фузили исцедете ги од водата и попрскајте ги со маслиново масло за да не се залепат.
Во чинија за сервирање ставете од макароните и одозгора од сосот.
Лиценца: Сите права се задржани