19
мај
2015
Фузили со пилешко месо и песто од сушени домати
1. Тестенините се варат во вода согласно инструкциите од пакувањето.
2. Кога ке бидат варени ал денте, се цедат од водата и им се додава павлаката, 2 лажици песто од сушени домати, 2-3 лажици рендан пармезан, сол и бибер по вкус.
3. Се меша убаво за да се натопат тестенините со сосот и веднаш се трга од оган.
4. Пилешките гради се зачинуваат по вкус и се печат на грил тава (може да искористите и остатоци од преходно подготвено пилешко месо).
5. Готовите тестенини се служат со пилешките гради, сушени домати, рендан пармезан, маслиново масло и босилек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А рецептов Топ, по мој вкус:)